недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 17 ново

Шампионката на Вимблдон елиминирана во вториот круг

Актуелната носителка на трофејот од Вимблдон, Гарбине Мугуруса го заврши своето учество во вториот круг, откако беше поразена од Белгијката Алисон Ван Витванк по 7-5, 2-6, 1-6.

Шпанката е уште една носителка кој го заврши рано својот настап. Пред Мугуруса, која беше трета носителка на турнирот во Лондон, багажот го спакуваа  Каролина Вознјацки, Слоун Стивенс и Елина Свитолина.

Од топ 5 во светот на терените на „Ол Ингланд клуб“ остана само Романката Симона Халеп, која е водачка во ранг листата и нејзиниот пат кон трофејот изгледа чист.

Во следниот круг, Ван Витванк ќе игра со Естонката Анет Контавеит, која е 27-ма во светот.

Другиот подоцнежен натпревар од вчерашниот ден кај мажите помеѓу Александар Зверев и Тејлор Фриц беше прекинат при резултат 4-6, 7-5, 7-6 (0) во корист на Американецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top