петок, 20 јули 2018 | Вести денес: 72 ново

Собра сила и го напушти: Меланија го оставила Доналд Трамп

Она што малкумина го знаеја сега го дозна целата американска, но и светска јавност.

Многумина помислуваат дека и покрај сите јавни срамни испади кои и ги приредува, американската прва дама Меланија Трамп никогаш не би заминала од својот сопруг Доналд, но се измамиле. Ако може да се верува на најновата книга на Роланд Кеслер за животот на американскиот претседател под наслов ‘The Trump White House: Changing the Rules of the Game’, таа тоа веќе еднаш го сторила.

Вистината е дека тие тогаш сеуште не биле во брак, но и тоа се важи, зарем не? Како што пишува авторот на книгата, на почетокот на нивната врска, Меланија ја видела Кара Јанг, поранешната девојка на Доналд Трамп како го напушта неговиот апартман во кулата Трамп.

-Тоа беше на почетокот на нивната врска во 1998 година и Меланија со него патуваше во Мара а Лаго со приватниот авион. Пред поаѓањето отиде до неговиот апартман и кулата Трамп од каде излезе Кара Јанг, манекенка која две години беше во врска со Трамп. Меланија го остави во истиот миг., објаснува Кеслер за „Us Weekly“.

-Не размислуваше ниту за милијардите што тој ги поседува, ниту за прекрасниот одмор во Мар а Лагп или за луксусзниот апартман. Ја раскина врската со него и нареди да и ја вратат целата гардероба која веќе ја испрати во Мар а лаго. Му се јавила на батлерот Тони Сенекал и го замолила да го стори тоа. Сепак, на Доналд му требала само една недела да ја придобие назад, а таа повторно ја вратила својата гардероба. Ова секако ви дава увид во нејзиниот карактер од која на крајот бил импресиониран и самиот Доналд, рече авторот на книгата, пренесува „Glossy.espreso.rs“.

И покрај ова наводно раскинување, двојката се венча во 2005 година, а во 2006 го добија синот Барон.

Извор: novi.ba

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top