четврток, 22 ноември 2018 | Вести денес: 32 ново

Од машки агол: Делови од женското тело што мажите ги обожаваат

Повеќето жени мислат дека мажите „паѓаат“ само на совршени, затегнати и издолжени женски тела без никакви недостатоци. Но вистината е дека тие ги обожаваат неочекуваните детали, а најмногу го ценат природниот изглед.

Коса
Нејзиниот мирис и свежина ги опива. Начинот на кој таа паѓа врз вашите очи им буди желба на мажите да ја тргнат внимателно зад увото, да пројдат низ неа со прстите и да уживаат во нејзината мекост.

Кожа
Нежната и мека кожа ги предизвикува да ве бакнат и допрат. Токму кожата е една од главните причини зошто мажите попрво би поминувале романтични моменти со жена наместо со нивната богата колекција од филмови за возрасни.

Рамена
Има нешто во женските рамена и врат што е неодоливо за мажите. Можеби тоа е совршениот облик што ги привлекува да ви се доближат, нежно да ги потпрат нивните усни на вашите и да го вдишат природниот мирис на кожата. Овој дел од женското тело воедно се смета и за ерогена зона.

Грб
Темелот на секое елегантно држење и грациозен од е дискретната линија на грбот која ги привлекува мажите повеќе и од деколтето. Цврстиот и убаво обликуван грб е инспирација за многу уметници, а на мажите делува како магнетно поле. Покажете го грбот со суптилно нагласен отвор или тесно парче облека!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top