недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 17 ново

Кинески лек за сите болести – одење на колена

Одењето на колена е вежба за здравје што се препорачува за секого и нема контраиндикација. Се препорачува и за луѓе со проблеми и болки во колената и зглобовите. Оваа ефикасна кинеска техника, кинеската медицина ја признава како вистински лек за сите болести.

Стручните лица велат дека колената најчесто боледуваат поради атрофија на мускулите на грбот, нозете и половината, со други зборови оваа болка настанува кај луѓе кои водат статичен живот.

Таоистичкото одење на колена помага за борба против болести во бубрезите и црниот дроб. Поентата е дека во пределот на колената се наоѓаат точки кои е корисно да се стимулираат за проблемите кои внатрешните органи ги создаваат.
Токму затоа кинеската медиција ја признава оваа вежба како вистонски лек против сите болести.

Ова практикување на вежби има многу предности покрај останатите физички активности кои му се потребни на телото. За оваа вежба потребно е да издвоите 15-20 минути секојдневно, а резултатот ќе го забележите и сами.

Начин на изведување на вежбата:

– Практикувајте на оваа вежба на под, поставувајќи меко ќебенце, удобно за колената;
– Движете се полека и комплетната тежина исклучоиво нека паѓа на колената;
– На почеток, од тежината на телото може да почувствувате болка, но кога мускулите на нозете ќе станат доволно силни, болката ќе изчезне;

Практикувањето на оваа вежба секојдневно може навистина  да предизвика и намалување на телесната тежина на нозете.
Оваа таоистичка вежба исто така помага и за подобрување на видот, бидејќи во пределот на тетивата на колената се наоѓаат точки кои помагаат за правилно функционирање на бубрезите, црниот дроб и очите.

Стручните лица препорачуваат оваа вежба да се практикува со затворени очи за подобар ефект.
Истата вежба може да практикувате и на една нога што дополнително ќе го зацврсти комплетниот систем на организмот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top