среда, 19 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Нов моден едиторијал на Лудус

Во соработка со словенечкиот фотограф Маријо Жупанов, македонската модна етикета Лудус изработи моден фото едиторијал во Љубљана, Словенија со моделот Примож Пунгартник од агенцијата Имортал Моделс.

Едиторијалот е насловен Mornings like this one и беше екслузивно објавен за првпат на берлинскиот интернет магазин Калтблут.

Овој месец излезе и 5-тото издание на словенечкиот печатен магазин М-mag (поранешна Модна), каде се најде верзија од едиторијалот во авторска пост-продукциска преработка од Жупанов.

Колекцијата е продолжување на потрагата на авторот Драган Христов во полето на естетиката, пропорциите и воспоставените принципи на дизајн. Златниот број Ф и други математички законитости, се дел од референците на оваа колекција, како и минимализмот во сликарството кај Супрематистите и Конструктивистите од почетокот на минатиот век.

Изработена во неутрални бои, а материјалите се исклучиво стопроцентно пиродни како памук, лен и свила. Кроевите се препознатливи за Лудус и јасно го отсликуваат латинското значење на името на етикетата. Елементот на изненадување е речиси присутен во секое парче од оваа колекција.

Колекцијата Ф може да се најде на веб продавницата на Лудус ludus.com.mk, во концептуалната продавница Пентља, на улица Мачкова 4, во Љубљана и на редовните поп-ап настани кај нас и во Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top