недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 17 ново

Кашла како куче – Пациент од Кичево добил ваква дијагноза од својот лекар (Фото)

На социјалните мрежи, мајка од Кичево постираше дијагноза од лекар во која во анамнезата е наведено „Кашла како куче“.

Овој опис на дијагноза, наиде на голем револт кај граѓаните, кој уште еднаш сведочи за третманот на пациентите од страна на одредени здравствени работници.

Засега реакција имаше од Асоцијацијата на млади специјализанти според кои ваквиот опис не е во ред.

Според други лекари, пак, тоа е опис за ларингит кој и во медицинска литература го има тој опис „кашла како куче“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top