сабота, 22 септември 2018 | Вести денес: 36 ново

Голема изложба на Пикасо во Франција

Во Франција, во Ландерно  е отворена изложба „Пикасо од Пикасо“, на која се изложени 200 дела од шпанскиот уметник Пабло Пикасо. Изложбата трае до 1 ноември.

Делата кои уметникот ги чувал по различни ателјеа и кои ги има неколку илјади, ги наследила неговата сопруга Жаклин Рок, која ги позајмувала за изложби се до нејзината смрт во 1986 година. Таа улога ја презела нејзината ќерка Катрин Итен, која ја организирала сегашната изложба.

Делата се претежно уметнички слики, цртежи и скици, но има и илустрации за книги и предмети од керамика.

Пикасо бил сестран уметник – сликар, вајар, графичар, најголем во 20 век, кој поминал половина од својот живот во Франција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top