петок, 16 ноември 2018 | Вести денес: 91 ново

Најголемата балканска дива Цеца и Џенан Лончаревиќ на голем концерт во Охрид!

Најголемата балканска ѕвезда Светлана Ражњатовиќ – Цеца заедно со Џенан Лончаревиќ на 28. јули ќе одржат голем концерт во Охрид, на стадионот “Билјанини Извори”.

Стадионот Билјанини Извори ќе одекнува со “Анџео другог реда”, “Лажов ноторни” , „Аутограм”, „Јадна ти је моја моч”, „Трепни”, “Дидуле” на Цеца и “Одавде до неба”, “Никоме ни реч”, “Добро је то” на Џенан, како и многу, многу други безвременски хитови.

Цеца и Џенан ќе приредат повеќечасовен концерт кој долго ќе се памети. Почетокот на концертот е закажан во 21 часот. Ни претстои вечер исполнета со многу изненадувања, музика и забава.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top