недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

По сто години, златните маски и бронзените кратери од Белград и Софија се враќаат во Македонија

По сто години, златните маски и бронзените кратери, заедно со сиот луксузен материјал од 6 век пред новата ера, пронајдени на некрополата Требеништа кај Охрид, првпат ќе бидат заедно изложени на голема археолошка поставка која во ноември ќе биде отворена во Археолошкиот музеј на Македонија во Скопје. Артефактите, кои во првата половина на 19 век биле изнесени прво во Софија, а потоа во Белград, ќе бидат обединети заедно со предметите што останале во нашата земја. Околу 400 оригинални предмети, голем дел од нив златни, ќе бидат изложени на цел кат во музејот, чии витрини ќе бидат специјално испразнети за оваа изложба, вели за Факултети.мк Горан Санев, директор на Археолошкиот музеј за Македонија.

– Некрополата Требеништa отсекогаш била болна точка во археологијата бидејќи материјалот е растурен низ трите земји, а нејзиното значење е толку големо. И денес некрополата крие одговори на толку прашања, па ја вбројуваме во рамките на митовите. Кои се покојниците од таа некропола, како живееле – вели директорот на Археолошкиот музеј Горан Санев за „Факултети.мк.“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top