понеделник, 24 септември 2018 | Вести денес: 105 ново

Нов пропуст во безбедноста на Фејсбук, ги деблокира луѓето што првично сте ги блокирале

Фејсбук објави дека пронашол нов „баг“ во својот систем. Тој бил активен помеѓу 29-ти мај и 5-ти јуни оваа година, што резултирал со деблокирање на луѓе, кои претходно биле блокирани од страна на корисникот, објави Течрадар.

Повеќе од 800.000 луѓе биле засегнати во целиот свет. Ова значи дека публикациите и профилите на овие корисници може да бидат видени од луѓе што претходно сте ги блокирале. Фејсбук вели дека прекинатите пријателства не биле обновени, но во текот на проблемот, публикациите можеле да се видат од пошироката публика.

Компанијата вели дека проблемот е минимален за најпогодените корисници. 83% од засегнатите имале само едно привремено деблокирано лице. Фејсбук се извини на корисниците и сподели дека ќе бидат известени одделно. Проблемот е веќе отстранет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top