петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 42 ново

Бебето најдено пред домот за доенчиња во Битола е згрижено

Министерството за труд и социјална политика информира дека ноќеска, во 01.50 часот од страна на претставник на Центарот за социјална работа Битола и полициски службеници, во домот за доенчиња во Битола е сместено новороденче од женски пол, примено од страна на медицинската сестра.  Новороденчето веднаш по приемот е однесено во ЈЗУ Клиничка болница-Битола на детален преглед при што е констатирана  добра општа здравстена состојба.

Министерството за труд и социјална политика ги презема сите мерки во насока на заштита на новороденчето и обезбедување на соодветна грижа.

За останати информации во однос на истрагата и постапката ве молиме да се обратите до надлежните органи, односно Министерството за внатрешни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top