среда, 19 септември 2018 | Вести денес: 33 ново

„Кралот“ потпиша за Лос Анџелес Лејкерс

„Кралот“ Леброн Џејмс е нов кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс на кој ќе се обиде да му донесе нова шампионска титула по подолго време.

Трансферот го соопшти неговата агенција „Клуч Спортс“ која информира дека е постигнат четиригодишен договор вреден 153,3 милиони долари, со тоа што последната година од договорот е опционална и зависи од желбата на Леброн.

Тоа е најдолг договор кој Леброн го потпишува откако потпиша шестгодишен договор со Мајами во 2010 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top