недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 17 ново

Во Битола има недостиг од педијатри, доаѓаат од Прилеп за 100 евра дневница (видео)

Ова се фотографии на педијатри кои изминатиов период сами направија акции и го уредија детското одделение во Клиничката болница во Битола. Ентериерот е одличен, но недостига кадар. Вработен педијатар во ова одделение проблемот го гледа во лошото менаџирање.

Педијатарот додава дека во моментов на дежурства доаѓаат педијатри од Прилеп, но таа вели дека детската патологија е многу променлива и не може детето само да биде примено, треба и да се следи неговата состојба.

Таа обвинува дека педијатрите од Прилеп доаѓаат веднаш по завршувањето на дежурство во Прилепската болница што не е дозволиво по закон.

(извор – ТВ21)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top