среда, 19 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

„Архангел“ главна ѕвезда на „Д-фестивал“ во Дојран

Главни ѕвезди на годинашниот „Д-фестивал“, кој ќе се одржи од 6 до 8 јули во Дојран, се членовите на групата „Архангел“. Легендарната рок-група, која е присутна на македонската музичка сцена повеќе од три децении, ќе настапи на 7 јули во сабота, кога повеќеилјадната публика ќе може да ги слушне нивните хитови.

Групата оформена во 1988 година од страна на Ристо Вртев, а во својата кариера има издадено четири албуми: „Архангел 1“ (1991), „Архангел 2“ (1993), „Heart Core“ (1998) и „Небесна машина“ (2003).

„Д-фестивал“ е единствениот летен музички фестивал на отворено во Македонија, кој во својата тридневна музичка програма покрај концертот на групата „Архангел“ на главната бина, веќе ги потврди и настапите на голем број музички ѕвезди од светската, регионалната и од домашната сцена како што се: Пол ван Дајк, Севдализа, „Смат“, Дуке Бојаџиев, Горан Трајковски…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top