вторник, 17 јули 2018 | Вести денес: 119 ново

Бујар Османи со црно влакно на јазикот

Претседателот Иванов - трн во око на велепрадавничката клика!

 Алдо Климан

Во духот на очекуваните и зачестени безобѕирни притисоци врз последниот неразнишан институционален столб на Република Македонија – претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, големоалбанскиот лик Бујар Османи од квислиншката „влада” на Зоран Заев, даде една бесрамна и апсолутно антидржавна изјава против претседателот Иванов, со која најдиректно, со црно влакно на јазикот, атакува врз Уставот и уставниот поредок на Република Македонија. Се разбира, од таа клика ништо ново! – иако секогаш одново, по којзнае кој пат, предизвикува мачнина и одвратност кај секој нормален граѓанин на Република Македонија.

Подмолностите и глупостите на Османи ги набројувам таксативно:

1. „..претседателот Ѓорѓе Иванов да биде конструктивен и да се вклучи во процесот за европска иднина на Македонија”, заповеда Османи.

2. „…претседателот е само мал дел од извршната власт”, смета Османи.

3. „Постапките на Иванов се на некој начин обид за менување на системот без уставни промени, што е казниво со закон”, се заканува Османи.

4. „…никој нема да ја спречи волјата на 80 отсто од граѓаните кои се за членство во ЕУ и во НАТО”, статистички „совршено прецизно” како со прст во лај.. тврди Османи.

Во овие бедни останки на демоктратијата во Македонија под антидржавниот, антинационален и антидемократски режим на Зоран Заев, неговите велепредавнички соучесници имаат можност да зборуваат сѐ и сешто, и особено ординарни глупости, како во случајот на најновиот атак на Бујар Османи врз претседателот Ѓорѓе Иванов.

Еве, меѓутоа, и неколку вистини во врска со таа апсолутно антимакедонска, антидржавна и антиуставна ступидна изјава на големоалбанецот Османи.

1. Нечесните и неморалните луѓе не можат да ги разберат и смртно ги мразат чесните и моралните.

2. Велепредавниците на својот народ и црните окупатори не можат да ги разберат и смртно ги мразат патриотите и сите оние што си ја сакаат и што си ја бранат татковината.

3.  Кримогените политичари што на најпоган начин пред очите на целиот цивилизиран свет ги газат Уставот на државата и безброј нејзини закони и законски прописи не можат да ги разберат и смртно ги мразат оние што ги почитуваат и што ги чуваат Уставот и законите на својата држава.

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов е последната македонска национална и државна институција која сеуште устојува и го крепи македонскиот државен дигнитет и, сосема осамен во највисоката државна власт, им се спротивставува на велепредавничките и грабежливи внатрешни и надворешни неранимајковци во нивните настојувања до крај да ни ја сотрат државата на својот бесрамен веќе покажан и докажан, незаконски, далтоновски, гангстерски начин – уривајќи и понижувајќи сѐ што го сочинува институционалното државно јадро и што државата ја прави држава во вистинската смисла на зборот. Навистина е веќе здодевно да прераскажуваме кои сѐ незаконски работи и разни други свинштини направија сите тие неранимајковци од инсталирањето на квинслишката „влада” на Заев, на чело со „лидерот со европски манири” – Зоран Заев. Но – замислете! – цело време на патот на тоа невидено раздржавување и растурање на Република Македонија им стои уште само институцијата претседател на државата, па се разбира, од самиот почеток прават сѐ што можат и како знаат да ја обезвредат, да ја погазат и да ја поништат и таа македонска државна институција.

Оттаму и ступидната изјава на големоалбанецот Османи, една од бројните досегашни и идни изјави-закани од тој вид, а потсетувам, дека со исти или слични закани и притисоци досега се изредија и Зоран Заев, Талат Џафери, Јоханес Хан и други, супер друштвенце.

Овде, пак таксативно, конкретно приложувам одговори на четирите горенаведени подмолности и глупости на Османи.

1. Наместо страсната големоалбанска желба на Бујар Османи претседателот Ѓорѓе Иванов да биде „деконструктивен”, те. да ја деконструира и да ја растура Република Македонија како што тоа со насмевка на лицето го прави „северномакедонскиот граѓанин-лидер” Зоран Заев со својата предавничка и големоалбанска „влада”, претседателот Иванов, сосема спротивно, е државнички конструктивен во процесите за европска иднина на Република Македонија, и тоа на начин таа таму да си го најде заслуженото место како суверена и самостојна национална држава, а не како некаква држава-пачавра, или раздржавена балканска ничија земја со народ на кој му се одземени-предадени името, идентитетот, јазикот и националната политичка и културна историја.

2.  Ако претседателот на државата, како што ступидно тврди големоалбанецот Османи, „е само мал дел од извршната власт”, зошто тогаш спомнатиот северноголемоалбанец Османи и целата предавничка клика на Заев, вклучувајќи ги и надворешните мативоди од типот на Јоханес Хан, толку многу се нервираат што претседателот Ѓорѓе Иванов не ги потпишува насилно донесениот тнр. ”Закон за употреба на јазиците” од агендата на Тиранската платформа и предавничкиот „Договор” на Заев-Димитров-Шекеринска со грчките безобѕирни и фашистоидни политичари. Па затоа што институцијата претседател на државата е неизмерно важна; таа е клучна национална политичка државна институција, преку која не може само така бандитски да се преминува. Целата домашна и надворешна јавност добро знае и гледа дека тнр. „влада” на Заев и нејзините „правни” тимови прават разни сценарија и смислуваат начини како да се заобиколи или да се прескокне претседателот Иванов, но тоа, големоалбанецу Османи и сите вие заедно, не е така лесно без да се стори криминал, зашто Република Македонија има Устав, освен – да не даде Господ! – онака како што го замислил тоа еден од поддржувачите на вашата предавничка политика во својата неодамнешна смртно заканувачка јавна објава за претседателот Иванов, без воопшто да биде законски санкциониран, наместо веднаш да заврши во затвор.

3. Би било подобро господин Османи да не го става во уста и да не го погани на тој начин Уставот на Република Македонија и божемниот обид на претседателот Иванов за менување на системот без уставни промени, бидејќи токму тоа ја боли предавничката клика, тоа што Република Македонија си има Устав во кој е запишано сѐ што треба и како треба, а тоа е дека само претседателот на државата може да ги потпише документите од најголема важност за државата. А претседателот Иванов проценил дека насилно донесениот тнр. „Закон за употреба на јазиците” и заевскиот приватен купопродажен договор со Грција се поразителни за судбината на Република Македонија и за македонскиот народ, и не ги потпишува. Впрочем, токму вие господа предавници и ограбувачи, ја заговарате и ја изнудувате промената на Уставот за да ја спороведете до крај својата антидржавна и антинационална политика и засекогаш да ги избришете Република Македонија и македонскиот народ од лицето на земјава.

4. Господине големоалбанец Османи, го изморивте овој народ со лажни проценти те за ова, те за она. Те во Македонија живееле 35% албанци, те 80% народ биле за приклучување на Република Македонија на ЕУ и НАТО. Од каде ви се тие податоци? Од ракавот на вашето заевско-министерско сако? Кој и кога официјално ги утврдил тие податоци за така лежерно со нив да се расфрлувате и бесрамно да ја лажете македонската и меѓународната јавност? А дали можеби имате и податок колку проценти македонски граѓани воопшто не сакаат да влезат во ЕУ и во НАТО со избришано име на Република Македонија и со избришано име македонка, македонец, со целосно избришана национална културна и политичка историја на македонскиот народ? Јас можам, исто како вас, од ракав да ви кажам, веројатно многу поблиску до вистината од вас, дека 80% македонски граѓани не се согласуваат и не ги прифаќаат евроатлантските интеграции доколку Република Македонија и македонскиот народ во тие интеграции не бидат достоинствен, рамноправен државно-политички и општествен субјект, и доколку во тие интеграции не учествуваат под своето историско име македонка, македонец, Република Македонија.

Затоа, господине големоалбанецу „со европски манири” Османи, пред да трескате глупости, погледнете си со колку гласови и од кого сте избран вие, а со колку гласови и од кого е избран претседателот Ѓорѓе Иванов, па ќе видите кој е „мал дел од извршната власт“, и престанете со своите подмолни и проѕирни лаги и притисоци врз институцијата претседател на Република Македонија!

Да живее нашиот претседател Ѓорѓе Иванов, последното институционално место на отпор кон големоалбанските, големобугарските, големогрчките и големоевропските посегања по Македонија.

Да живее Република Македонија!

Да живее македонскиот народ во Република Македонија, во Република Грција, во Република Бугарија, во Република Албанија, во Америка, Канада, Автралија, Европа и ширум светот каде што нас македонците нѐ има и ќе се бориме до последниот здив да не дозволиме татковината да ни ја уништожат такви бедни предавнички, квислиншки и окупаторски неранимајковци!

 

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top