вторник, 13 ноември 2018 | Вести денес: 96 ново

Големата бела ајкула ја поздрави Шпанија – стравува и Хрватска

Бела бела ајкула долга 5 метри била забележана на морето во шпанските Балеарските Острови, за прв пат по 40 години во овие води.

Ајкулата еден час била следена од меѓународниот тим во архипелагот Национален парк Кабрера, на 10 километри од брегот на Мајорка.

Во овој проект учествуваше тим од шпански и истражувачи од неколку европски земји.

Иако имаше гласини и неодредени информации дека во последниве години се забележува голема бела ајкула во шпанските води, се верува дека ова е прв потврден случај од 1976 година кога рибар од Мајорка фати шестметарски примерок, објави „Дејли мејл“.

Овој вид ајкули е познат по нападите на луѓе.

Може ли белата ајкула да дојде до Јадранот?

Mорскиот биолог Петар Кружиќ вели дека белата ајкула живее во Медотеранот, но првпат била забележана во шпански води.

-Големата бела ајкула нормално си живее во Медитеранот, но прашање е дали ќе дојде близу до брегот или не. Популацијата варира, зависно од храната. Повеќе нема фтолку туна со која се храни, па големите риби полега исчезнуваат, па веројатно е дека ќе изумре и големата бела ајкула. 

Освен тоа, голема бела ајкула живее и во Јдранското Море, покрај Анкона има женка, примерок за кој се знае дека константно е присутен таму.

-Се мота околу нафтените платформи, вели тој.

-Податоците за популацијата на белите ајкули во Медитеранот се глевно сиромашни. Прес повеќе децении за време на традиционален лов на туна во Сицилија се случувало рибарите да уловат и мали примероци бели ајкули.

Во тоа време научниците кои се занимавале со изучување на големите бели ајкули во Медитеранот пиушувале дека  се размножуваат на тромеѓето меѓу Сицилија, Малта и Тунис, но тоа не е докажано. Големата бела ајкула не заскитува во Јадранот, туку влегува по храна.

Кружиќ објаснува дека големите животни не заскитуваат во Јадранот, зашто „седумдесетте и нешто километри на Отранската Врата не се толку малку за некој да заскита“.

-Влегува во Јадранот по храна. Како што дошла, така и ќе си замине. Некои остануваат подолго, некои пократко, зависи од храната.

Големите бели ајкули се разликуваат од своите браќа и сестри во Атлантикот, зашто рано се издвоиле од таа популација, Најслични се со австралиските.

-Глупави митови се приказните дека ајкулите ги следат бродовите. Секако дека можат да дојдат во Јадранот, тоа е исто море, вели Драшко Холцер, претседател на Институтот „Плави свијет“.

-Немаат раце за да напипаат дали храната е за нив или не е. Често угризуваат за да видат дали е нивна храна или не. Луѓето не се нивна храна, но за жал, повредите често се преголеми, па луѓето умираат, вели Крижиќ.

Прашање на време е кога ќе се појават тропски видови во Јадранот со оглед на климатските рпомени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top