петок, 20 јули 2018 | Вести денес: 55 ново

Хорор на автопат: Експлодира цистерна со нафта, изгореа 50 возила, најмалку 9 мртви (Видео)

Камион полн со нафта експлодираше во сообраќаен метеж во Нигерија, при што загинаа најмалку девет, а повредени се најмалку пет луѓе, соопштуваат од полицијата.

Камион со нафта удрил во автомобил и се запалил на прометен мост на автопат помеѓу Лагос и Ибадана. Владините службеници изјавуваат дека бројот на жртви ќе биде поголем. Изгореле повеќе од 50 возила, меѓу кои и 5 автобуси.

-Се уште се бориме против пожарот и спасувачките екипи се обидуваат да дојдат до мостот. Многу луѓе останале заробени во пожарот, изјави шефот на Агенцијата за итни случаи од Лагос, Адесина Тиамиџу.

Според некои сведоци, на камионот прес сударот му откажале кочниците. Слични несреќи се почести во Нигерија. Минатиот октомври изгореше 20 автомобили и четири мотори кога нафта од камион се излила на патот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top