петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 47 ново

Шекеринска бара посебен советник за плата до 50.000 денари

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, објави оглас за вработување на посебен советник во нејзиниот Кабинет. Нема информација од која област ќе ја советува. Според штурите услови во конкурсот, кандидатот треба да има завршено најмалку високо образование од општествени или економски науки и да има најмалку две години работно искуство. Платата за ова место е од 35.000 денари до 50.000 денари.

Вработувањето на советникот ќе трае најдолго до истекот на мандатот на министерката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top