среда, 19 септември 2018 | Вести денес: 13 ново

Најскромното дете на познатите: Нејзините родители се богати актери, а таа продава лимонада!

Сури Круз (12), ќерка на холивудските актери Кејти Холмс (39) и Том Круз (55), продавала на лимонада на штанд во Њујорк. Иако нејзините родители се мултимилионери, 12-годишното девојче сака сама да го заработи својот џепарлак. Па така, Сури продавала лимонада за 2 долари по чаша и заработиле полна кутија пари.

Имотот на Кејти Холмс се проценува на 25 милиони долари, додека богатството на Том се проценува на вртоглави 570 милиони долари.

Дадилката го чувала девојчето, а на фотографиите се гледа дека ногата и’ е повредена. Со оглед на тоа дека Сури е вешта гимнастичарка и дека тоа и’ е омилената дневна активност, се претпоставува дека со повредата се здобила на тренинг.

Кејти сака да ја воспита ќерка и’ да биде скромна и да им помага на другите. Постои можност дека парите што ги заработила ќе ги донира во некоја хуманитарна организација.

Откако, посветено работела на штанд, Сури отишла да си игра во паркот, а го повела и своето кученце.

„Таа е многу дарежливо и чувствително девојче“, изјавила Кејти за ќерка и’ пред некое време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top