среда, 19 септември 2018 | Вести денес: 6 ново

Трикови за подолг секс: Како да го продолжите задоволството?

Една од главните цели на сите мажи е продолжување на времетраењето на сексуалниот однос за задоволување на партнерката. Нажалост повеќето од нив не се во состојба да го направат тоа и се соочуваат со предвремена ејакулација.

За сексот да трае подолго, мажот мора да го препознае чувството кое претходи на ејакулацијата, Кога ќе го совлада тоа ќе може да го продолжи сексуалниот однос.

Покрај тоа, сексот може да трае подолго и ако карлицата на партнерката се приближи многу блиску и се примени техника на бакнување. Од оваа поза поголемо задоволство ќе има партнерката, а тоа не е така лошо ако сакате да го продолжите времетраењето на сексот.

Кај водењето љубов, брзината е многу важна. Како и кога возите кола, има моменти кога возите брзо, а има моменти кога возите зпоро. Поентата кај сексот е цело време да возите споро, полека и да забрзувате како што напредува чинот. Забавете го ритамот, менувајте пози и колку што е можно одложете го оргазмот.

Колку што е акцијата подолга, толку е посилен оргазмот. Многу е поголемо задовоството кога подолго време сте во состојба пред оргазам. Поради тоа успорувањето на темпото на сексот ќе ви одговара на двајцата.

Доколку сакате сексот да трае подолго, избегнувајте ги омилените пози. Изберете нешто што не ви е многу атрактивно или не ве стимулира толку многу.

Тука е и “техниката стискање” која ако се примени правилно ја спречува ејакулацијата. Таа техника се врши на тој начин што силно, но не премногу силно, го стискате пенисот одма под главата, така што показалецот и средниот прст ќе бидат на горната страна на пенисот, а палецот на долната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top