среда, 21 ноември 2018 | Вести денес: 2 ново

Познатата српска пејачка за големата траума која и се случила: Не знаев дали ќе преживеам

Популарната српска пејачка, Јелена Костов, проговори за непријатните ситуации кои ја следеле во текот на кариерата. Таа не крие дека таквите непријатности никогаш нема да ги избрише од сеќавањата.

-Доживував непријатни ситуации. Ние, кои се занимаваме со оваа работа, стварно гледаме се и сешто, кажа Јелена и додаде:

-Во сеќавањето секако ми останаа и работи кои не се ниту малку убави. Јас сум пречувствителна личност, некој случајно да ме турне на улица, јас тоа ќе го прифатам многу трагично. Во мојата работа алкохолот е чудо од тој прави потполно други личности од некои луѓе. Повеќе пати сум присуствувала на ужасни тепачки кои никогаш нема да ги заборавам… На некои ситуации каде просто гледаш и не веруваш што се случува. Секогаш си во некаков ризик, многу патуваме, на настапите има доста пијани луѓе, но и покрај тоа што е многу ризичен, јас велам дека ја имаме најубава работа на светот, кажа пејачката.

Таа признава дека во една прилика се исплашила за својот живот, но дека тоа сега за среќа е зад неа.

-Тоа беше ситуација во која стварно не знаев дали ќе извлечам жива глава. Беше, да не се повтори, кажа Јелена и не сакаше да навлегува во детали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top