вторник, 13 ноември 2018 | Вести денес: 93 ново

Рада Манојловиќ облеана во солзи: Поради неверството на Харис замина за Хрватска

Пејачката Рада Манојловиќ поради наводна измама пред неколку дена стави крај на врската со колегата Харис Берковиќ, но за да се засолниште од сите, нејзината сестра ја однесе во Хрватска на море.

Како што открива извор близок до пејачката, поради предавството и јавното понижување Рада со денови не јадела и не престанала да плаче, со што нејзината сестра Марија ги зеде работите во свои раце и речиси насилно ја однесе на море.

„Иако ова не е прв пат да се пишува за измамите на Харис, сега Рада виде со свои очи дека Харис ја изневерува. Верувајте дека никогаш не сум ја видела толку скршена. Иако ја советувавме да не разговара со девојката со која ја контактирала да ѝ ги испрати фотографиите и преписките, таа не нѐ послуша. Таа го препознала Харис на фотографиите и следуваше крај. Ќе повратеше сè што ќе изедеше и плачеше неколку дена без прекин. Тогаш Марија одлучи да ги земе работите во свои раце и да ја однесе надвор од Србија.“ – раскажува изворот, додавајќи дека најпрвин Рада не сакала да замине.

„Иако на почетокот не сакаше да оди, успеавме да ја убедиме да ја послуша Марија. Беше навистина страшно да ја гледате таква и за неа би било фатално да останеше во Белград. Нејзиното семејство не сакаше да дозволи Харис, како и секој пат досега, да ја моли Рада за прошка и да вели дека го „наместиле“. Ниту еден член од семејството на Рада одамна не го сака и ќе сторат сé за да го спречат помирувањето. На Рада навистина ѝ значи што нејзиното семејство не ѝ го сврте грбот сега кога се докажа дека имале право за сé што претходно зборувале за Харис. Рада ќе искористи десет дена одмор и се надеваме дека ќе се врати посилна.“ – вели за „Ало!“ извор близок до пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top