петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 42 ново

Изгласана доверба на романската Влада

Романската левичарска Влада денеска „го преживеа“ гласањето за доверба, што беше ставено на дневен ред на барање на опозицијата.
Барањето, иницирано од Либералната партија доби 166 гласови, а за распуштање на Владата на премиерката Вјорика Данчила беа потребни 233 гласови.
Опозицијата тврди дека Владата на Данчила ја ослабнува демократијата и владеењето на правото во земјата.
Романската премиерка ја бранеше програмата на Владата, истакнувајќи дека е забележан раст на платите и пензиите, а опозициските пратеници не ја зборуваат вистината.
Данчила стапи на премиерската функција во јануари годинава. Таа е трет премиер откако владејачката Социјалдемократска партија ја освои власта на парламентарните избори во декември 2016 година.
Лидерот на Социјалдемократска партија Ливиј Драгнеа минатата недела е осуден на три години затвор поради злоупотреба на положбата.
Илјадници Романци денеска протестираа пред Парламентот извикувајќи „оставка“ и вееја романски знамиња. Некои компании им дадоа слободен ден на вработените за да можат да протестираат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top