недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 17 ново

СП 2019: Македонските ракометари на мегдан со Шпанија и Хрватска

Предпладнево во Копенхаген беше извршена ждрепката за Светското првенство во ракомет следната година, Македонија се најде во Групата Б заедно со Шпанија, Хрватска, Исланд, Бахреин и Јапонија.

„Црвено-жолтите“ на СП 2019 ќе играат во Минхен откако денешната ждрепка во Копенхаген не смести во Групата Б.

Судбината сакаше Македонија да игра против својот поранешен селектор Лино Червар, кој сега е на кормилото на Хрватска. Раул Гонзалес ќе има прилика уште еднаш да се пресмета во својата Шпанија која е актуелниот европски шампион. Во нашата група уште се најдоа и репрезентациите на Исланд, Бахраин и Јапонија.

Целосната ждрепка:

ГРУПА А (Берлин): Франција, Русија, Германија, Србија, Бразил, Кореја

ГРУПА Б (Минхен): Шпанија, Хрватска, Македонија, Исланд, Бахреин, Јапонија

ГРУПА Ц (Хернинг): Данска, Норвешка, Австрија, Тунис, Чиле, С. Арабија

ГРУПА Д (Копенхаген): Шведска, Унгарија, Катар, Аргентина, Египет, Ангола

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top