понеделник, 19 ноември 2018 | Вести денес: 95 ново

Терористите од Диво насеље со специјален третман во затвор: Испраќаат закани преку Фејсбук

– Во име на Кумановската група, апелирам до директорот на КИА (Косовска интелигентна агенција), Шпенд Маџунит, заменик-директорот на КИА, Латиф Меровци и в.д. на косовската полиција, Наим Реџа, барем да не ни наштетува преку ниски методи, како што е следење на нашите семејства, пријатели или познаници!, пишува Мухамед Анди Красниќи, познат како Командант Малишева на својот Фесјбук профил.

– Полвечете ги наредбите за следење и прислушување, затоа што во спротивно, како што нашите семејства и нашите деца не спијат мирно, така и вашите семејства нема мирно да спијат во Косово. Таму каде државата ги оштетува своите граѓани, во израз доаѓа Канунот со свои закони!

Апелот се однесува на многу службени лица на КИА, но јас ги објавувам имињата само на некои:

– Бардил Јашари
– Њомза Красниќи
– Шар Хараќија, Директор во Приштина
– Лулзим Лоши
– Арсим Ибрахими, директор во Пеќ
– Висар Шала, директор во Призрен

Потоа, апелот, исто така, оди и за активнитесоработници и шпиони на КИА и Косовската полиција, преку социјални мрежи;

– Кадри Сулејмани
– Агрон Темајн и нивната цела шпионска мрежа …

– Ние, Кумановската група, сме дел од американскиот проект за спречување на руското влијание во Македонија. Значи, има кој да се занимава со нас и таму се оние кои не ценат! Искрено не си играјте со нашите чувства и со нашите семејства, во спротивно ниту вие и вашите семејства нема да имате мир во Косово!, порачува Малишева кој издржува затворска казана заради вооруженниот конфликт во кумановско Диво насеље.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top