понеделник, 19 ноември 2018 | Вести денес: 114 ново

Иванов телефонски му честита на Ердоган за победата на изборите во Турција

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, вечерва телефонски му ја честита победата на неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган на предвремените претседателски и парламентарни избори во Турција и му посака успешно извршување на претседателската функција.

Во телефонскиот разговор, информираат од Кабинетот на Иванов, беа разменети мислења за актуелните политички случувања во двете земји, при што претседателот Иванов се заблагодари за сета досегашна поддршка од Република Турција, и изрази уверување дека и во наредниот период ќе продолжи силното пријателство и соработката меѓу двете земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top