понеделник, 16 јули 2018 | Вести денес: 65 ново

Почина Елена Мисиркова

Според повеќе објави на социјалните мрежи, денеска починала нашата пијанистка Елена Мисиркова, правнука на Крсте Петков Мисирков.

Проф. Виолета Ачковска, за овој тажна вест напиша:

„Моја драга Елена, почивај во мир кај ангелите, со звуците на Шопен и Рахманов. Твојата енергија, силен дух и љубов кон Македонија остануваат како најскапоцени бисери. Душата ме боли, но животот е чуден и непредвидлив. Секогаш останува едно зошто. Бог знае. Ти само замина, остануваат спомените“.

Марјан Андонов Гијовски напиша: „Елена, не Ви беше време. За македонцките работи не се завршени!

Почит и оддаде и Игор Дурловски: „Почивајте во мир професорке, бевте пример како се сака уметноста, како се сака татковината.“

Елена Мисиркова: Делуваме натпартиски за семакедонско обединување

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top