петок, 20 јули 2018 | Вести денес: 55 ново

Циклонот Силвија од утре повторно се активира: Подгответе се за обилни врнежи

Oд утре, понеделнички  СИЛВИЈА повторно се активира. Времето во текот на претпладнето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди но и со минимални услови за слаб локален дожд.

Од пладневните и попладневните часови од југ ќе навлегува влажна воздушна маса која ќе биде нормално во склоп со СИЛВИЈА и на повеќе места ќе условува повремени врнежи од дожд кој локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и до вторник наутро на некои места се очекува да наврнат над 20 л/м2 воден талог.

Сепак најмногу врнежи ќе има во западната половина од државава. Локално ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Максималните температури на воздухот и натаму ќе бидат под просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени.

Врнежите од дожд ќе продолжат понатаму и во вторник и среда и локално повторно ќе наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top