среда, 19 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Кошаркарите Антиќ, Стојановски и Чековски во Еуробаскет станаа Северномакедонци (галерија)

Кошаркарите на „Работнички“ и на МЗТ, Перо Антиќ, Дамјан Стојановски и Ѓорѓи Чековски на професионалните профили на „Еуробаскет“ веке се запишани како Северномакедонци.

Ова уште еднаш докажува дека Договорот кој го потпиша Заев за преименување на Република Македонија повлекува и промена на идентитетот.

На социјалните мрежи веќе на големо се негодува.

-Грозно! Со потписот на Димитров и Заев, ние Македонците губиме едно од најголемите спортски имиња, Перо Антиќ. За вакво ли јакнење на идентитетот говорите? Што е сега Перо по националност? Македонц гледам веќе не е. Го прашавте ли човекот дали се согласува со ова? Ги прашавте ли останатите репрезентативци?-напиша Александар Пандов на социјалните мрежи.

-Колку Заев и да ја лаже јавноста дека забетонирал нешто, вистината говори дека со договорот е директно нарушен нашиот идентитет.  Со договорот направивте од готово – вересија, односно надвор од резолуцијата на Обединетите Нации преговаравте и го променивте нашиот идентитет. Придавката македонски од јазикот и националноста, која не беше недвосмислена и црвена линија во националната стратегија по ова прашање, вие ја продадовте многу евтино, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Перо Антиќ  е македонски професионален кошаркар и член на македонскатан репрезентација. Во неговата професионална биографија се запишани клубови од земјава, Балканот но и САД каде е престиж за секој професионален спортист да настапува. Антиќ настапуваше во НБА лигата рамо до рамо со најпознатите имиња на овој спорт.

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Дамјан Стојановски има бројни награди, прогласен е за најдобар кошаркар на Македонија (во 2014), поради повреда ја пропуштил сезоната 2016/17, станувајќи играч без клуб, а во јуни 2017 година, тој повторно потпишал со МЗТ Аеродром.

 

Чековски, пак е играч на „Работнички“, кошаркарски репрезентативец и често е меѓу петте најдобри играчи на првенствата: Еurobasket.com – Најкорисен играч на сезоната (2015г.), Eurobasket.com – домашен играч на сезоната (2016г.), Eurobasket.com – прва најдобра петорка на сезоната (2016г.), Eurobasket.com – најдобра домашна петорка на сезоната (2016г.), Најдобра домашна петорка на сезоната (2017г.), Особен придонес во сезоната (2017г.).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top