недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 23 ново

Марадона бесен на Аргентинците: Јас ќе им кажам што е репрезентација

Фудбалската легенда, Диего Армандо Марадона, по очајниот старт на неговите сонародници на Мундијалот, побарал од Фудбласкиот сојуз на Аргентина и селекторот Хорхе Сампаоли да му дозволат тој насамо да разговара со фудбалерите за да го искаже негвото незадоволство.

– Секогаш кога го носев дресот на Аргентина, давав се’ од себе. Легендите кави што се Симеоне, Редондо, Ругери, Каниџа, Филол, Луке, Гаљего го правеа истото. Сакам да поразговарам со играчите и да им објаснам што значи да се носи дресот на репрезентацијата и како треба да се однесуваат кога настапуваат за оваа земја, рекол Марадона.

Решавачкиот меч за пласман во втората рунда Аргентина го игра во вторник од 20 часот против Нигерија, а во исто време Исланд не треба да слави против Хрватска за „гаучосите“ да се пласираат во следната фаза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top