понеделник, 16 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Нова рунда од дијалогот Вучиќ-Тачи денеска во Брисел

Косовскиот и српскиот претседател, Хашим Тачи и Александар Вучиќ денеска ќе се состанат во Брисел каде ќе биде продолжен дијалогот меѓу Белград и Приштина на високо ниво. Тачи и Вучиќ на новата рунда од дијалогот за нормализација на односите Белград-Приштина доаѓаат на покана од европската претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

По билатералните средби со шефицата на дипломатијата на ЕУ, предвиден е трилатерален состанок.

Според планот, состанокот на претседателите со Могерини треба да се одржи околу 15 часот, по што треба да се одржи заеднички состанок со делегацијата на Приштина.

Според најавите, ќе се разговара за елеементите од договорот за сеопфатна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top