среда, 14 ноември 2018 | Вести денес: 57 ново

Апасиев тврди дека новинари добиваат илјадници евра пред референдумот за името

Професорот и член на раководството на партијата Левица Димитар Апасиев тврди дека професионални новинари добивале огромни хонорари за ја убедат дека промената на името е позитивно за земјава и иднината на граѓаните.

“Дознав дека дел од “професионалните” новинари, кои ве убедуваат да си го смените името, зимаат по околу 3.000 ЕУР хонорар месечно. А вие ринтајте за 200 ЕУР плата и гласајте на референдум за да има цензус. Или, шо би рекол министеров за надворешни: “Win-Win ситуација”, пишува Апасиев а пренесува опсервер.мк

Апасиев беше советник во СЈО од каде си заминал сам за да избегне конфликт на интереси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top