петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 117 ново

Последно кога Германија отпадна во групите се налути и направи Светска војна

Германците се четирикратни светски шампиони во фудбал и репрезентација со долга традиција на Мундијалите. Ќе беше вистинска сензација ако вечерва загубеа од Шведска и отпаднеа уште во групната фаза.

Последен пат такво нешто се случило многу, многу одамна или поточно на СП 1938 година, во Франција. Еден сеирџија на Твитер се пошегува малку со црн-хумор.

„Едноставно не смееме да дозволиме Германија да отпадне уште од групите. Последниот пат кога се случи тоа беше СП во 1938 година, па да речеме дека лошо го поднесија е преблаго“, напиша овој твитерџија, се разбира, алудирајќи на Втората светска војна.

Извор: Спорт1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top