вторник, 17 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Највалканите хороскопски знаци – Тие живеат во тотален хаос!

Дознајте дали сте од највалканите знаци во Зодијакот…

Лав
Лавовите не се неуредни, но секогаш си наоѓаат попаметна работа. Чистењето им се наоѓа во втор план, а припадниците на овој знак најмногу сакаат кога некој друг ќе ја заврши таа работа за нив.

Бик
Биковите сакаат нивниот дом да биде чист, но ако мораат да бираат помеѓу чистотата и грижата за себе, ќе го одберат второто. Биковите попрво ќе лежат на кревет и ќе гледаат добра серија отколку да чиста, а чувството на вина никогаш нема да биде доволно силно за да се променат.

Стрелец
Стрелците за себе ќе кажат дека воопшто не се неуредни, туку дека едноставно имаат способност многу брзо да направат неред. Звучи како дефиниција за неуредност, но повторуваме: Стрелците ќе ви кажат дека воопшто не ја поседуваат таа особина.

Водолија
Водолиите добиваат напади за чистење и во тие моменти буквално го чистат секое ќоше од станот, но за жал многу ретко го добиваат тој напад.

Риби
Овој хороскопски знак размислува многу логично кога е во прашање чистењето: Зашто да се чисти веднаш, кога може да се исчисти домот за неколку дена, кога ќе се направи уште поголем неред? Мора да признаеме дека ова размислување не е сосема погрешно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top