петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Работи на кои жената помислува за време на секс

Мислите дека за време на сексот вашата партнерка е целосно препуштена на уживањето и не мисли на ништо друго? Размислете уште еднаш. Исто како што вам ви е потребен мал поттик на фантазијата, така и низ нејзината глава минуваат одреден тип на мисли.

Ова баш и не го очекував

Никогаш не можете да знаете што ќе изведе партнерот во креветот, но веројатно најголема реакција предизвикува големината на пенисот. Со оглед на тоа што големината на пенисот е сведена речиси на мит (а за тоа секако придонесуваат истражувањата кои упорно бараат што е просек), жените секогаш имаат по некоја мисла за она што го гледаат.

Залудно фрлив толку пари на долна облека

Една од работите со кои жените се опседнуваат во креветот е изгледот. Верувајте со часови ќе размислуваат и ќе отидат во шопинг да одберат секси парче за да ве импресионираат. Проблемот е што мажите едвај чекаат да ја соблечат таа облека.

Тој сака ЈАС да го ставам кондомот?

Ако го очекувате тоа од неа, ја ставате во непријатна ситуација. Погрижете се за тоа самите.

Се прашувам каде го научил ова?

Ако сте особено вешти во креветот за тоа сте минале пракса. Вашата девојка со сигурност ќе се прашува која била таа пред неа на која сте ја научиле вештината.

Тој не мисли да ја возврати услугата?

Проблемот настанува кај оралниот секс. И додека сте вие среќни што таа се согласила на орален секс, веројатно го очекува истото и од вас за возврат. Ако не возвратите, тогаш веќе си добивате замерка.

Ова дефинитивно го видел во порно филм

Океј се експериментите во креветот, но не претерувајте. Знаете како велат дека порно филмовите немаат врска со реалноста. Веднаш ќе препознае од каде ви е идејата за некоја невозможна поза.

Но, уште не завршивме…

Многу често жените извисуваат во сексот. Потребно им е подолго загревање, а мажите од друга страна знаат прерано да свршат и на тој начин жената останува незадоволена. И останува само да се надева дека следниот пат нема да се случи истото.

Да не трае ова предолго?

Другата крајност е ако планирате со часови да останете во креветот. Сексот не мора да трае предолго, па жената да ја фати комплетна досада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top