понеделник, 16 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Мицкоски: Нема компромис, нема преговори со СДСМ за името

Опозицијата ја демантира веста објавена на порталот Журнал според кој премиерот му нуди на Мицкоски 4 министерски места, а за возврат тој треба да даде поддршка за референдумот.

“Очигледно откако не и успеа на власта да биде вовлечена ВМРО-ДПМНЕ во насилни смислени сценарија кои би го делегитимирале противењето на овој договор, таа се фокусираше на измислени лажни вести.

Ниту Христијан Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ е во некакви разговори со Заев за министерски места во владата, а за возрат на тоа да има успешен референдум. Се работи за комплетна невистина и груба дезинформација”, се вели во демантот.

Во реакцијата се вели дека ниту Христијан Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ нема намера да прави компромис со своите принципи, уверувања и јасни ставови. ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува капитулантскиот договор со кој се предвидува смена на Уставот, бришење на зборот Македонија и смена на идентитетот и сите свои идни активности на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат во насока на потврда на оваа наша позиција за неподдршка на договорот.

Според опозицијата секогаш кога Зоран Заев нема да може да го испорача ветеното приоѓа кон манипулации и кршење на законите. Единствени соучесници во целата операција се сите оние потпалувачи, спотери кои прават се за да виновникот за сето ова не биде Зоран Заев и Димитров префрлајќи одговорност и разводенувајќи ја суштината на дебатата.

Порталот на албански јазик журнал.мк кој важи за близок на ДУи денеска објави дека Заев на Мицкоски му понудил 4 министерски места за да дојде до успешен референдум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top