вторник, 17 јули 2018 | Вести денес: 110 ново

Откриен тумор кај екс играч на Ливерпул

Поранешниот фудбалер на Слетка, Виљареал, Њукасла, Сарагоса и Ливерпул, Хосе Енрике се наоѓа пред најтешкиот животен натпревар откако му е откриен тумор.

Откако минатата година ја заврши активната кариера поради чести повреди на коленото, 32-годишниот Шпанец утрово на социјалните мрежи шокираше откако откри дека му е констатирано тумор на мозокот.

Исто така потврди дека операцијата поминала успешно, па моментално се наоѓа во процес на рехабилитација.

„Во рок од месец дена откриено му е дека имам реток вид на тумор на мозокот и имав операција. Сега се наоѓа во процес на рехабилитација и сум благодарен на Бог бидејќи операцијата успешно помина, животот е премногу драгоцен“ напиша Енрике.

Дека Шпанецот не е сам во овој „натпревар“ покажа и Ливерпул кој на својот официјален „Фејсбук“ профил му пружи поддршка на својот поранешен играч, со слика од Енрике во болнички кревет и неговата сопруга која во овие моменти му е најголема подршка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top