понеделник, 19 ноември 2018 | Вести денес: 93 ново

За сите кои планираат да патуваат: На овој аеродом ќе се скенираат лицата на сите патници

Меѓународниот аеродом во Орландо, кој е најпрометен во сојузната држава Флорида, ќе биде првиот во САД каде ќе се скенираат лицата на сите патници без разлика дали пристигнуваат или заминуваат.

Дел од експертите за заштита на граѓанските права изразија загриженост за тоа како ќе се користат овие податоци, а ако се има предвид дека засега не постои регулатива за нивната употреба, и што доколку се случи патник по грешка да биде спречен да се качи во авион.

Аеродромите во Атланта, Бостон, Хјустон, Лас Вегас, Мајами, Њујорк и Вашингтон ги скенираат лицата на одредени патници кои заминуваат, но не и на сите меѓународни патници, како што ќе биде случај на аеродромот во Орландо.

Сликата на лицето ќе се споредува со биометриската база во секторот за внатрешна безбедност, каде има фотографии од патниците кои треба да бидат на летот и така ќе се верификува нивниот идентитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top