понеделник, 16 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Светот бесен за ова видео: Свештеник удри дете на крштевка затоа што плаче

Видео од свештеник кој му удира шлаканица на бебе на крштевка го обиколи светот. Не се знае каде е снимено видеото, но може да се слушне дека свештеникот зборува на француски јазик.

Се гледа како детето плаче, а свештеникот се обидува да го смири и затоа што не успева, насилно му ја фаќа главата, а во еден момент му удира и шлаканица. По ова, мажот во просторијата, кој најверојатно е татко на детето, насилно го одзема детето од рацете на свештеникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top