понеделник, 16 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

СП 2018: Белгија убедливо го совлада Тунис и обезбеди осминафинале

Белгија убедливо го совлада Тунис со 5:2 во натпревар од групата Г на Светското првенство во Русија.

Белгиската репрезентација одигра одличен натпревар и благодарение на победата обезбеди пласман во осминафиналето на Мундијалот.

Белгија во шестата минута поведе со голот од пенал на Еден Азар, а во 16-та минута Ромелу Лукаку беше прецизени и зголеми на 2:0. Две минути подоцна тунискиот фудбалер Дилан Брон намали на 2:1.

Во финишот на првото полувреме Лукаку повторно се запиша во листата на стрелците за водство од 3:1.

Азар во почетокот на вториот дел постигна уште еден гол и во 51-та минута го зголеми водството на 4:1.

Во 90-та минута Миши Батшуаији успеа да зголеми на 5:1, но Тунис веднаш возврати во судиското продолжение и Вахби Казри ги постави конечните 5:2.

Белгија сега има шест бода и е на првата позиција во групата, Англија има три и натпревар помалку, а Панама и Тунис се без бодови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top