недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 26 ново

ВМРО-ДПМНЕ: Заев се откажал од македонското малцинство насекаде во светот

Министерот за надворешни работи на соседна Грција, Никос Коѕијас, вчера на јавен сервис во Грција потврди дека со договорот се брише македонското малцинство насекаде на светот. Коѕијас јавно потврди: Договорот го забранува тоа. Во договорот има член за тоа. Во член 49 од Уставот на Северна Македонија се вели дека БЈРМ се грижи за македонското малцинство надвор од нејзината територија. Тој член ќе биде сменет итн. Ова го истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Министерот Коѕијас зборувајќи за македонската партија во Грција „Виножито” јасно кажа дека новиот договор кој го потпиша Зоран Заев, забранета е дискусија за постоење на македонското малцинство во Грција и затоа ќе се менува Уставот на Република Македонија. Зоран Заев се откажа од македонското малцинство насекаде во светот. Зоран Заев кој бараше поддршка од дијаспората за да дојде на власт сега се откажа од нив и тоа ќе биде запишано и сменето во Уставот. Никос Коѕијас за само два дена јасно си кажа дека со договорот и промена на името е сменет нашиот идентитет и ќе биде северномакедонски, а веднаш потоа и потврди дека Заев се откажал од македонското малцинство насекаде во светот, истакна Арсовски.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат веднаш и неодложно да одговори владата зошто македонското МНР нема демант на ваквите ставови на грчкиот министер Никос Коѕијас?

-Зошто Зоран Заев не го демантира Никос Коѕијас ниту пак Алексис Ципрас во изјавите дека не постои македонска нација, дека тука живеат Северномакедонци и дека владата на Република Македонија се откажала од македонскиот идентитет? Дали сето ова што го кажува грчкиот врв е вистина и дали молчењето значи одобрување? Почитуван Заев, почитувани Социјалдемократски сојуз, граѓаните очекуваат одговор на овие прашања, порачуваат од партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top