недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 17 ново

Kаратистот Келебиќ го освои првиот медал за Македонија во Тарагона

Македонскиот каратист Ненад Келебиќ освои бронзен медал на Медитеранските игри, откако го совлада Португалецот Жоаким Мендес со судијско изјаснување 3-2 (2-2).

Со овој успех Келебиќ и го донесе првиот медал на Македонија во Тарагона.

Каратистот Емил Павлов остана без медал откако во полуфиналето беше поразен од претставникот на Мароко, Абделсалам Амекнаси, а во борбата за бронзен медал загуби од Турчинот Ерај Самдам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top