понеделник, 16 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Со „Голф“ излетале од патот: Тешка сообраќајка во прилепско, 18 – годишно момче ноќеска им подлегнало на повредите

Осумнаесетгодишно момче ноќеска почина во прилепската болница по сообраќајната несреќа што се случила на патот од село Ропотово во Лажани. Полицијата соопшти дека синоќа околу 22:40 часот на патот с. Ропотово-с. Лажани се случи сообраќајна незгода во која патничко моторно возило ,,Голф“ со битолски регистарски ознаки управувано од Е.Ј. (18) од село Саждево-Крушево излетало од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобија возачот и сопатникот М. М. (16) од село Саждево при што се префрлени во Градската општа болница во Прилеп, во 2:10 часот по полноќ Е.Ј. починал.

Увид на лице место извршила екипа од ПС Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top