понеделник, 16 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Англичанец ноќеска удрен од автомобил во Центар, возачот избегал од местото на несреќата

Ноќеска околу 01.40 часот во Скопје, на крстосницата од ул. „Јужен Булевар“ со ул. „Јордан Мијалков“ се случила сообраќајна незгода во која S. B. (62) од Англија бил удрен од возач кој управувал засега непознато патничко моторно возило кое веднаш по незгодата го напуштило местото на настанот.

Ѕ. В со возило на Итна медицинска помош е префрлен во Градска општа болница Св.Наум Охридски, каде што од страна на лекар му е констатирана тешка телесна повреда. Се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top