вторник, 25 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Не му доликува на Таќи Фити да лаже

 Михајло Маневски

Во интерес на заштита на  угледот на МАНУ веднаш да си поднесе оставка

Не му доликува на еден претседател на Македонската академија на науките и уметностите да лаже. Претседателот на Академијата  ТАЌИ ФИТИ кога ја говореше вистинатана, почетокот на  мај или сега? На 6-ти мај 2018 година говореше дека   име за севкупна употреба никако не смее да се прифати, бидејќи тоа значи менување на Уставот. Тоа носи обезличување на Македонците. Иредентизмот не може да биде оправдување за менување на Уставот. Нашата Влада ќе мора да се избори за решението да не биде за севкупна употреба, ако сака тоа да биде достоинствено решение. Менувањето на Уставот и име за севкупна употреба ќе биде опасна ситуација.

При така децидни ставови  дека не смее да се прифати име за севкупна употреба и дека тоа ќе доведе до обезличување на македонците, а промена на Уставот ќе биде опасна ситуација, сега овој исти Таќи Фити, го смени мислењето за 360о степени и како да не говори тој исти човек, туку некоја сосема друга линост. Сега Таќи Фити изјавува дека постигнатиот договор меѓу Македонија и Грција е компромисно решение, со отстапки на кои морале да се согласат и двете страна, но дека Македонија нема друга развојна перспектива надвор од Европската унија и НАТО! Дуру си дозволува да каже дека  мора да голтнеме горко апче!. Со такви превртливци како него, не горко, туку голтаме отровно апче.

Во чие име говори Таќи Фити? Дали тој говори во име на МАНУ или тоа е негово лично мислење? Ако говори во име ма МАНУ, должен е да ја извести јавноста дали тој став е изграден на некој орган на МАНУ, кога тоа е сторено и каков е тој став? Неколку врвни академици во јавните настапи изнесуваат сосема поинакви ставови од она што го говори Таќи Фити. Што е тоа што се случува во Академијата? Дали Таќи Фити манипулира со МАНУ и ја користи за дневнополитички цели?. Како претседател на Ману, на највисоката научна институција во Македобија, Таќи Фити наместо да биде на браникот на зачувувањето на државата и нејзиното уставно име и идентитет, се стави во служба на предавничката дневна политика на Зоран Заев. Срамно и недозволено за  претседателт на највисока научна институција да се однесува толку несериозно и неодговорно. Сега е многу јасно зошто бегаше од новинарите кога го прашуваа за овие работи.

Кој може да верува на ваков човек, кој на таква највисока позиција лаже? Лаже не за обични, туку за  судбоносни прашања за државата Република Македонија и за македонскиот народ.

На ваков човек повеќе никој неможе да му верува. Во интерес на заштита на угледот на Академијата, да не го срами името на врвните великани на МАНУ, како Блаже Конески, Михајло Апостолски и други, во инртерес на науките и уметностите, потребно е како недостоен веднаш да си поднесе оставка.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top