среда, 18 јули 2018 | Вести денес: 77 ново

Археологот кој бил инспирација за ликот на Индијана Џонс пристигна во Македонија

Во рамките на регионалната посета, а по повод на празнувањето на Денот на балканските Египќани (24 јуни), во посета на Република Македонија пристигна д-р Захи Хавас арехолог од светски глас и амбасадор на културата на ООН, м-р Нурелдин Мухамед Ахмед Мамуд ЕлТамиму, член на високиот Совет за култура на Египет и Мухамед Ел Саид, новинар вработен во Дејли њу (Daily New Egypt) од Каиро, Египет.

Светски познатиот археолог кој всушност бил инспирација за филмскиот лик Индијана Џонс ги посети Музејот на Македонија, Археолошкиот Музеј, како и археолошкиот локалитетот Стоби.
Посетата е со цел да се развие и афирмира научната и културната соработка со АР Египет.
Хавас e археолог и јавен службеник, чија магнетна личност и силно застапување помогнаа да се подигне свеста за напорите за ископување и зачувување што тој ги надгледуваше како шеф на Египетскиот врховен совет за антиквитети (СЦА). Тој беше министер за антиквитети во Египет во 2011 година. Тој е амбасадор на културата на ООН. Неговиот лик и дело биле инспирација при пишувањето на сценариото за филмскиот лик Индијана Џонс на Џорџ Лукас и Стивен Спилберг. Нурелдин Мухамед Ахмед Мамуд ЕлТамиму, е член на високиот Совет за култура на Египет, а неговата книга „Изгубено наследство“ е преведена на повеќе светски јазици, а од претседателот на АР Египет е овластен за одржување на службените релации со Балканските Египќани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top