среда, 14 ноември 2018 | Вести денес: 57 ново

Скопјанец ограбен и оставен на автопат: Му рекле дека возилото треба да се турка, па го нападнале

Во Полициската станица Гостивар, 50-годишниот Ф.И. од Скопје вчера пријавил дека во средата околу 22:20 часот на автопатот Тетово- Скопје лицата Е.Н, Џ.Н. и уште едно непознато лице извршиле разбојништво над него.

На предлог на трите лица, Ф.И. патувал со нивно возило до Скопје. После наплатната станица, Џ.Н. го запрел возилото и им кажал дека останале дефект и дека ќе мора да го туркаат возилото. Кога излегле од возилото, лицата физички го нападнале Ф.И., по што го турнале на земја и од џебот од палтото му го одзеле паричникот во кој имал 9.000 денари и лични документи. После тоа, го оставиле и си заминале со возилото.

Во 17:45 часот, од страна на Полициски службеници од Полициската станица Гостивар, во врска со настанот бил приведен 23-годишниот Ш.Ѓ. од Прилеп, со живеалиште во Гостивар.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на останатите лица и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top