среда, 21 ноември 2018 | Вести денес: 2 ново

Инцидент на летот Лондон – Скопје: Нервозен патник ѝ се нафрли на стјуардеса поради сендвич си мисиркино месо (ВИДЕО)

Патник во авион кој во неделата летал од Лондон – Лутон за Скопје ја нарече стујардесата глупава кучка оти помислил дека му дала сендвич со свинска шунка.

Инцидентот како што објави лондонскиот весник „Мирор“ на своето веб издание настанал во авион на нискобуџетниот превозник „Визер“ во кој кабинскиот екипаж е од Македонија.

Патникот избувнал откако почнал да го јаде сендвичот и мислел дека тој е со свинска шунка. На амбалажата пишувало дека багетот е со мисиркина шунка, но тој на стујардесата ѝ вели дека тоа не точно, односно дека шунката е свинска.

На видеото кое го снимиле други патници и го предале на „Мирор“ се гледа како стујардесата на патникот му објаснува дека шунката е мисиркина и дека во сендвичот нема свинско месо.

„Јас работам во ресторани, знам што е свинска шунка. Ова има вкус на свинско, не на мисиркино. Треба да им кажете да луѓето дека служите сендвичи со свинско месо. Јас сум муслиман“, ѝ вели патникот на стујардесата.

И покрај обидите таа да му објасни дека не е во право и му нуди да му ги врати парите, патникот вели „Ти си глупава кучка, Е**на ку**о“.

Потоа и останатите членови на екипажот се обидуваат да му објаснат на патникот дека шунката не е од свиња туку од мисирка и дека сендвичите не се правени во Македонија туку во Унгарија, каде што е седиштето на компанијата. Но, тој и понатаму не ги прифаќа нивните објаснувања велејќи ѝ на стујардесата дека не е љубезна. На видеото се слуша дека стјуардесата со колегата стјуард се договараат на македонски јазик како да му објаснат на патникот дека шунката е од мисирка и се убедуваат која е разликата меѓу шунка и салама.

На крајот на видеото се гледа како стујардесата му ги враќа парите за сендвичот на патникот. Тој лут ја враќа и водата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top