петок, 16 ноември 2018 | Вести денес: 91 ново

Продолжуваат протестите – за утре најавен голем, сенароден собир

И вечерва протести против договорот. Граѓаните преку социјалните мрежи се организираат за собир пред Собранието во 20 часот.

За утре, пак, на истото место и во истото време е најавен „Голем сенароден протест против промена на името Македонија“. Инициран е од движењето „Млади за Македонија“.

„Не можеме да дозволиме оваа квинслишка и предавничка Влада да го уништи постоењето на Македонија со менување на нашето вечно име и идентитет. Нагласуваме дека протестот е непартиски и позади не стои ниту една политичка партија. Ние сме студенти од сите политички спектруми обединети за одбрана на името и идентитетот на Македонија“, велат од Млади за Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top