среда, 19 септември 2018 | Вести денес: 7 ново

Со овие познати личности го делите хороскопскиот знак

Овен

Овните се креативни, проникливи и прилагодливи на сите животни околности и ситуации. Знаат да бидат многу спонтани, па околината најчесто ги доживува како шегаџии, но знаат и многу брзо да избувнат поради ситници. Причината за тоа е што се премногу страсни, особено кога станува збор за нивната професија.

Познати во знакот Овен:
Сара Џесика Паркер, Рис Витерспун, Лејди Гага, Викторија Бекам, Кристен Стујард

Бик
За родените во овој знак карактеристично е што се полни со енергија, упорни и силни личности. Умеат да бидат критични, но знаат и да дадат поддршка, да бидат стрпливи и чувствителни. Тие се одлични ментори и сакаат да ги подучуваат другите и да им даваат инструкции. Немаат баш чувство за време, па често доцнат и делуваат неорганизирано.

Познати во знакот Бик:
Џесика Алба, Дејвид Бекам, Меган Фокс, Пенелопе Круз, Џорџ Клуни, Роберт Патисон, Кирстен Данст

Близнаци
Тврдоглавоста е особина која ги краси родените во овој знак. Тие се и импулсивни, но и нежни со мечттателски души. Се вели дека овие личности имаат две лица и дека често го менуваат расположението. Харизма, желба за успех и позитивност е она што прво се забележува кај овие луѓе.

Познати во знакот Близнаци:
Анџелина Џоли, Канје Вест, Натали Портман, Крис Еванс, Ешли Олсен, Шаја Лабаф

Рак
Раковите се нежни, благи и верни личности. Исто така можат да бидат тврд орев кој е тешко да го скршите затоа што се посветени на своите желби, тежнеења и цели. Знаат да бидат повлечени личности и волци-самотници и често имаат „моменти“ кога самите на себе си се доволни.

Познати во знакот Рак:
Жизел Бундшен, Даниел Реткилф, Џесика Симпсон, Селена Гомез, Софија Вергара, Вин Дизел, Аријана Гранде, Лук Брајан, Кристин Бел

Лав
Храброст, тврдоглавост и харизма се особините со кои се карактеризира овој хороскопски знак. Лавовите со својата огромна самодоверба прават другите луѓе да ги доживуваат како лидери и како личности од доверба. Имаат одлична смисла за хумор и другите ги сметаат за забавни личности кои секогаш се зафатени и најчесто се наоѓаат на раководна позиција.

Познати во знакот Лав:
Џенифер Лоренс, Бен Афлек, Џенифер Лопез, Мадона, Хали Бери, Мила Кунис, Барак Обама, Шерлиз Терон, Шон Пен

Девица
Девиците се аналитични, интуитивни и многу љубопитни. Не се плашат да ги искажат јасно своите размислувања, ставови и не поднесуваат авторитети. Тие се големи борци за правда и често на другите им служат за исповедување и советување. Паметат сè и ако некој ги повреди му враќаат трипати повеќе.

Познати во знакот Девица:
Бијонсе, Камерон Дијаз, Блејк Леви, Рајан Филипе, Џенифер Хадсон,Ник Џонас, Леа Мишел

 

Вага
Вагите се шармантни личности со стил и многу емотивни. Поверојатно е дека ќе избегнуваат кавги отколку да си ги бранат своите ставови и аргументи. Посветуваат големо внимание на изгледот. Сакаат убави, луксузни и скапоцени работи.

Познати во знакот Вага:
Ким Кардашијан, Ашер, Гвинет Палтру, Еминем, Хилари Даф, Кејт Винслет, Зак Ефрон, Гвен Стефани, Вил Смит

 

Скорпија
Скорпиите се полни со самодоверба, јаки и цврсти личности кои цврсто стојат на земја. Често не сфатени од околината затоа што никогаш не се под туѓо влијание, туку секогаш си ги бранат своите ставови. Не се срамежливи и сакаат предизвици. Посебно кога е љубовта во прашање.

Познати во знакот Скорпија:
Кети Пери, Рајан Рејнолдс, Рајан Гослинг, Скарлет Јохансон, Леонардо ДиКаприо, Ен Хатавеј, Ема Стоун

Стрелец
Стрелците се по природа авантуристи и оптимисти кои сакаат предизвици. Имаат големи соништа и проблем со трпеливоста. Сакаат сè одма и сега.

Познати во знакот Стрелец:
Бритни Спирс, Бред Пит, Ники Минаж, Тајлор Свифт, Мајли Сајрус, Џеј Зи, Тина Тарнер

horoskop strelec

Јарец
Јарците се практични личности, многу организирани и стрпливи. Сакаат да филозофираат, тие се верни пријатели и борци за правда. Себеси си поставуваат високи цели и нема да запрат додека не се искачат на самиот врв.

Познати во знакот Јарец:
Кејт Мидлтон, Бренди Купер, Џеред Лето, Кејт Мос, Сиена Милер, Мишел Обама, Орландо Блум, Нина Добрев, Ентони Хопкинс

horoskop jarec

Водолија
Водолиите се уметнички настроени личности, но се многу проникливи. Имаат добра комуникација со луѓето и се одлични советници. Луѓето често ги прашуваат за мислење и совет.

Познати во знакот Водолија:
Џастин Тимберлејк, Џенифер Анистон, Ештон Кучер, Парис Хилтон, Шакира, Кери Вашингтон, Хери Стајлс

Риби
Родените во овој знак ги краси искреност, несебичност и самодоверба. Многу се сензитивни и многу лесно може да ги повредите. Тие се во состојба да се расплачат од најмала критика, а не си ги простуваат ниту своите ниту туѓите грешки. Не се површни и размислуваат длабоко пред да почнат да делуваат.

Познати во знакот Риби:
Дру Баримур, Џастин Бибер, Ријана, Адам Левин, Џесика Бил, Даниел Крег, Оливија Вајлд

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top